Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Давидовски стрелец на еден од головите за фудбалската селекција до 15 години, која го освои турнирот во БИХ
Давидовски стрелец на еден од головите за фудбалската селекција до 15 години, која го освои турнирот во БИХ

Давидовски стрелец на еден од головите за фудбалската селекција до 15 години, која го освои турнирот во БИХ

Македонската фудбалска селекција до 15 години го освои меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“. Во финалниот дуел избраниците на Звонко Златановски ја победија селекцијата на град Белград, убедливо со резултат 6:0 и на тој начин го освоија првото место.

Во стартниот состав на овој дуел беше стоперот на вардаровата генерација “2003“, се работи за Филип Ѓорѓоски, додека во игра во второто полувреме влегоа и Антонио Мирков и Петар Давидовски. Токму нововлезениот Давидовски постигна еден од головите.