Денес својот 24-ти роденден го прославува играчот на РК Вардар, младиот Вуко Борозан. Ова е втора сезона за Вуко во дресот на Вардар, кој се покажа како големо засилување за тимот и кој беше еден од “моторите“ при освојување на ланските четири титули. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БОРОЗАН !