Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Драгана Цвијиќ во трите најдобри ѕвезди на мечевите од првата 1/4 рунда
(ВИДЕО) Драгана Цвијиќ во трите најдобри ѕвезди на мечевите од првата 1/4 рунда

(ВИДЕО) Драгана Цвијиќ во трите најдобри ѕвезди на мечевите од првата 1/4 рунда

Драгана Цвијиќ е ракометарката која најмногу прикажа на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампионите, на кој Вардар успеа со еден гол предност да го дочека реваншот во Скопје. Репрезентативката на Србија беше нерешлива енигма за противничкит ракометарки, кои никако не успеваа да ја задржат на линијата од шест метри. Цвијиќ постигна осум голови и беше најефикасна во нашите редови и дефинитивно играчот кој донесе резултатски пресврт.

Во ТОП-3 најдобри ѕвезди се најдоа уште и Кристина Неагу од ЦСМ Букурешт и Едуарда Аморим од Ѓер. Погледнете го видеото со ракометарките кои ја одбележаа првата четвртфинална рунда.