Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Пресудни ќе бидат мотивот и желбата за победа – Карачиќ: Нека трофејот во СЕХА биде увертира за предизвиците во ЛШ
Стоилов: Пресудни ќе бидат мотивот и желбата за победа – Карачиќ: Нека трофејот во СЕХА биде увертира за предизвиците во ЛШ

Стоилов: Пресудни ќе бидат мотивот и желбата за победа – Карачиќ: Нека трофејот во СЕХА биде увертира за предизвиците во ЛШ

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански се игра големото финале во СЕХА-лигата, помеѓу екипите на Вардар и ППД Загреб. Уште еден меч остана до крајот седмата натпреварувачка сезона во оваа лига, по што ќе биде познат тимот кој ќе го освои трофејот. Вардар е фаворит на овој дуел и поради квалитетот и играњето на домашниот терен, но пред себе имаме квалитетен противник кој знае да изненади. Ви ги пренесуваме очекувањата на нашите играчи во пресрет на големото финале во СЕХА-лигата.

-Моменталниот мотив на теренот и поголемата желба за победникот ќе го решат вечерашното финале, а не тактиката на двата тренери. Многу добро се познаваме со екипата на ППД Загреб, со оглед дека се натпреваруваат уште од самиот старт на СЕХА-лигата. Како што напоменав мотивот ќе пресуден за тоа кој ќе го освои трофејот, истакна капитенот, Стојанче Стоилов.

Лука вели дека Вардар е фаворит и дека притисокот е на нивна страна.

-Притисокот е наша страна, што е и реално, со оглед дека и оваа сезона играме одличен ракомет и нормално е да бидеме фаворити за освојување на СЕХА-лигата. Со играта која ја покажавме против Брест Мешков мислам дека ја заслуживме таа улога на фаворити, која треба денес да ја оправдаме на теренот, истакна Циндриќ.

Карачиќ се надева дека нема да се повтори 2013 година, кога Вардар го загуби финалето токму против Загреб, тој меч се одигра во СЦ. Борис Трајковски.

-Ги одработивме последните тактички анализи и добро се подготвивме за ова финале, кое не сакам да го изгубиме пред нашите навивачи. Сакам ноќва сите да заспиеме мирно. Не сакам да ни се повтори 2013 година, кога пред нашата публика го загубивме финалето пред нашите навивачи по продолженија. Сакаме да им донесеме радост и среќа на нашата публика и тоа да биде увертира пред следните предизвици кои ни следат во Лигата на Шампионите, изјави Карачиќ.