Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ШАМПИОН! ПОЧНА “ЖЕТВАТА“ НА ТРОФЕИИ, ВАРДАР ЈА ОДБРАНИ КРУНАТА ВО СЕХА
ШАМПИОН! ПОЧНА “ЖЕТВАТА“ НА ТРОФЕИИ, ВАРДАР ЈА ОДБРАНИ КРУНАТА ВО СЕХА

ШАМПИОН! ПОЧНА “ЖЕТВАТА“ НА ТРОФЕИИ, ВАРДАР ЈА ОДБРАНИ КРУНАТА ВО СЕХА

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански се играше големото финале во СЕХА-лигата, помеѓу екипите на Вардар и ППД Загреб.  Вардар беше фаворит на овој дуел и поради квалитетот и играњето на домашниот терен, тој епитет ние и го одбранивиме вечерва. Нашиот тим кој е најуспешен колектив во ова натпреварување триумфираше со резултат 26-24 , тоа е четврта во седмата година од постоењето на СЕХА.

during the Final Tournament - Final match - PPD Zagreb vs Vardar - Final Four - SEHA - Gazprom league, Skopje, 15.04.2018, Mandatory Credit ©SEHA/ Uros Hocevar

Први со гол овој финален натпревар го отворија црвено-црните, тие за 1-0 погодија преку  Кристопанс кој влезе одлично во мечот имаше потоа 2/2 кога со неговиот втор погодок зголеми на 2-1. Со гол-шоуто на Циндриќ кој двапати ја мина целата одбрана на загребчани првпат поведовме со плус два, 4-2 во 8.минута од мечот. На 10сетина секунди до половината на првиот дел со голот Жоан Кањелас  на поведовме со највисоки дотогаш “плус четири“, 7-3 по што загребчани го искористија првото право на тајм-аут. Во следните пет минути двата тима беа рамноправни на теренот, постигнаа по три гола по што на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 10-7 во наша корист.  Во последните пет минути влеговме со иста разлика, Иван Чупиќ погоди во 26.минута за предност со резултат 13-10.  Следеше благо опуштање на црвено-црните момци на Раул Гоназлез па тоа го искористи квалитетнот тим на ППД Загреб и намали на 14-13, резултат со кој се замина на пауза.

during the Final Tournament - Final match - PPD Zagreb vs Vardar - Final Four - SEHA - Gazprom league, Skopje, 15.04.2018, Mandatory Credit ©SEHA/ Uros Hocevar

Вториот дел почна како и првиот со погодок на Кристопанс, кој зголеми на 15-13 во првата акција за црвено-црните во вториот дел.  Со два последователни гола Загреб успеаа во 4.минута да изедначи на 15-15 и да ја врати неизвесноста. Потоа беше 15-15, но нашите момци се издигнаа брзо и се одлепија на 18-16 во 39.минута.  Сепак Згреб покажа дека не е дојден за да учествува па покажа квалитет, и со два гола веднаш изедначи на 18-18. Вардарци одговорија со она што им е заштитен знак, одличната игра во одбраната што донесе серија 3-1 со која поведовме со 21-19, по што загребчани искористија минута одмор. Загреб намали на 21-20, во 50.минута поради груб старт на Шушња Леон над Игор Карачиќ истиот заработи директен црвен картон. Ние се ослободивме од грчот и со четири последователни гола поведовме со 25-20 на 7.минути до крајот најавувајќи дека ќе ја одбраниме титулата и ќе се одлепиме на врвот по бројот на титули во ова натпреварување. Се до крајот беше рутина ние триумфиравме со резултат 26-24.

Најефикасни кај нас беа  Лука Циндриќ и Кристопанс со по пет гола, Чупиќ и Дибиров имаа по три гола, а Штербик имаше 8 одбрани. Со ова започна “жетвата“ на трофеи за оваа сезона. Сега Вардар мислите ќе ги насочи кон одбрана на Европската титула, како и во домашното натпреварување.