Чедомир Јаневски по нецела сезона си заминува од тимот на Вардар, замената е експресно најдена во Бобан Бабунски, кој досега беше тренер на младинците на Вардар.
Но, иако од управата е веќе избран Бобан Бабунски како нов предводник на црвено – црните, сепак, Бабунски сеуште нема право да седне на кормилото бидејќи Јаневски побарал некој услови од Вардар пред да си замине.
Па така по се изгледа на дерби дуелот со Шкендија кој е на програмата в среда, предводник од клупата ќе биде Александар Васовски, кој останува во стручниот тим и во иднина.