Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Жрк Вардар ги “запали“ моторите за новата сезона
(ФОТО) Жрк Вардар ги “запали“ моторите за новата сезона

(ФОТО) Жрк Вардар ги “запали“ моторите за новата сезона

Женскиот ракометен шампион, екипата на Вардар стартуваше со подготовките за новата сезона. Вчера го одржаа првиот тренинг, утринскиот како загревање се одвиваше на арената “Филип Втори“. Попладнето се тренираше во С.Ц. Јане Сандански. На првиот собир се појавија сите ракометарки, со кои ќе може да располага тренерскиот тандем во претстојната сезона. Тука беа и новите засилувања Сања Дамњановиќ и Андреја Човиќ. Единствено недостасуваше младата Итана Грбиќ, која ќе добие некој ден повеќе одмор, поради настапот за својата репрезентација на европското младинско првенство.

vardarfans zrk

Клубот, е предвидено седум дена да тренира во Скопје. Потоа заминува на мини турнеја во Франција, каде ќе одигра неколку контролни натпревари со екипи од францускиот шампионат. Се очекува повторно враќање во Скопје, од каде ќе заминат во Романија да учествуваат на силен меѓународен турнир. “Букурешт трофејот“ ќе биде вистински тест за проверка на формата на екипата. Овој турнир ќе се игра во периодот од 20-23-ти август. Формата пред почетокот на новата сезона во лигата на шампионите, ќе продолжи да се темпира во Скопје, на “Вардар турнирот“ кој го организира нашиот шампион. Од 29-ти август до 1-ви септември С.Ц. јане Сандански ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир, на кој своето учество го потврди и европскиот првак Будуќност. Нов кондиционен тренер е Марија Лојаница, која доаѓа на местото на Ненад Њаради. Од минатата сезона во клубот, повеќе не се Фернандез, Николиќ и Гакидова.

vardarfans zrk3

Фото: Жрк Вардар мк.