Кадетите на ФК Вардар денес на теренот на Академијата го одиграа 20 првенствено коло, во кое беа поразени од екипата на Работнички, со резултат 1:2.
Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимевски, Радевски, Ѓурковски, Митревски, М.Младеновски, Ибиши, Адем, Благојевиќ, Димоски, Наумчески, Илиевски.
Во игра влегоа уште и Давид Ристовски, Анатолиј Петејчук и Александар Младеновски.
По првиот дел, противникот исто така имаше водство и тоа со погодокот на Никола Андрески во 22 минута од мечот. На стартот на вториот дел гостинската екипа го зголеми резултатот на 0:2, откако во 47 минута погоди Христијан Стојановски. Вардар до крајот успеа да постигне само почесен гол и во 59 минута со голот на Џемал Ибиши да намали на 1:2. Работнички со истиов резултат успеа да не победи и во второто коло, кога на истиов терен исто така славеа со резултат од 1:2.
Ова е прв пораз во пролетниот дел за кадетите на Вардар, кои нанижаа претходно четири последователни победи. Поразот доаѓа во незгоден момент за црвено-црните, кои пред одигрување на ова коло имаа три бодови помалку од лидерот, Шкендија, со кој се борат за шампионската титула.