Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат терминот за 1/2-финалниот дуел на Ф4 со Ростов
Познат терминот за 1/2-финалниот дуел на Ф4 со Ростов

Познат терминот за 1/2-финалниот дуел на Ф4 со Ростов

Како што беше познато од вчера руски Ростов е ривалот на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во лигата на шампионите што на 12 и 13 мај ќе се одржи во Будимпешта. За вардарки  ова е рекордно петто учество на Ф4 турнирот, а Ростов е дебитант на ваквите натпреварувања. Денес веќе е познат и точниот термин на овој дуел.

Мечотот ќе се игра на 12 мај, официјално терминот на одигрување ќе биде од 18-00 часот во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта. Првиот 1/2-финален натпревар меѓу ЦСМ Букурешт и Ѓер ќе започне  претходно и ќе се одигра со почеток од 15-15 часот.