Вардар успеа по четврти пат да ја освои СЕХА-лигата и да стане најтрофејниот тим во ова натпреварување. Во големото финале избраниците на Гонзалез беа подобри од екипата на ППД Загреб и на тој начин им вратија на “плинарите“ за поразот во финалето од пред пет години. По одигрување на финалниот меч се доделуваше трофејот и медалите за екипите, како и избор на идеалниот тим на овој Ф4. Во него се најдоа четворица играчи на Вардар, а Лука Циндриќ беше прогласен за МВП на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Штербик е најдобар голман, Дибиров е најдобро лево крило, Циндриќ е најдобриот среден бек, додека Абутовиќ доби признание за најдобар дефанзивец.