Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Работнички го доби кадетското фудбалско дерби, Вардар се подалеку од титулата
Работнички го доби кадетското фудбалско дерби, Вардар се подалеку од титулата

Работнички го доби кадетското фудбалско дерби, Вардар се подалеку од титулата

Кадетите на ФК Вардар денес на теренот на Академијата го одиграа 20 првенствено коло, во кое беа поразени од екипата на Работнички, со резултат 1:2.

Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимевски, Радевски, Ѓурковски, Митревски, М.Младеновски, Ибиши, Адем, Благојевиќ, Димоски, Наумчески, Илиевски.

Во игра влегоа уште и Давид Ристовски, Анатолиј Петејчук и Александар Младеновски.

По првиот дел, противникот исто така имаше водство и тоа со погодокот на Никола Андрески во 22 минута од мечот. На стартот на вториот дел гостинската екипа го зголеми резултатот на 0:2, откако во 47 минута погоди Христијан Стојановски. Вардар до крајот успеа да постигне само почесен гол и во 59 минута со голот на Џемал Ибиши да намали на 1:2. Работнички со истиов резултат успеа да не победи и во второто коло, кога на истиов терен исто така славеа со резултат од 1:2.

Ова е прв пораз во пролетниот дел за кадетите на Вардар, кои нанижаа претходно четири последователни победи. Поразот доаѓа во незгоден момент за црвено-црните, кои пред одигрување на ова коло имаа три бодови помалку од лидерот, Шкендија, со кој се борат за шампионската титула.