Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар и Шкендија, во дербито на 21 првенствено коло кај младинските категории
Вардар и Шкендија, во дербито на 21 првенствено коло кај младинските категории

Вардар и Шкендија, во дербито на 21 првенствено коло кај младинските категории

Екипата на Шкендија ќе биде протиникот за вардаровите генерации, во рамките на 21 коло во првенството на младинските категории. Пионерските екипи во недела се домаќини на теренот на Академијата, додека во истиов ден, во Тетово ќе гостуваат кадетите и младинците, во термините од 10 и 12 часот.

Помладите пионери на Вардар се единствената генерација која оваа сезона ќе стане шампион на Македонија. Се поочигледно е дека избраниците на Рап-Тап ќе ја освојат шампионската титула, со оглед дека имаат голема бодовна разлика пред останатите конкуренти, а најверојатно таа на крајот од сезоната ќе биде изразена и со двоцифрена разлика. Вардар има 17 победи и само 2 нерешени резултати и на крајот убедливо ќе го освои првото место. До крајот на сезоната останува за црвено-црните да се обидат да останат непоразени и да бидат запишани во истотијата на клубот, како единствена младинска екипа, која во текот на целата сезона успеала да остане непораззена. Имаме подобар скор во меѓусебните дуели оваа сезона со екипата на Шкендија, две победи од исто толку одиграни мечеви. Првиот на теренот на Академијата го добивме убедливо со резултат 4:1, додека на гостувањето во Тетово славевме со резултат од 1:2.

Пионерите до крајот на сезоната ќе играат за престиж и за што подобар пласман на табелата во оваа возрасна генерација. Интересно е што претходните два натпревари со врсниците од Тетово, завршија со идентичен резултат од 3:3, па така и двете екипи ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во меѓусебните дуели за оваа натпреварувачка сезона. Шкендија е во борба за трофејот со екипата на Македонија Ѓ.П, која викендов ја совладаа убедливо и се издвоија на врвот на табелата. За избраниците на Петар Ѓоргиески до крајот на сезоната останува борбата за титулата во купот на Македонија, каде Вардар има предност од 1:0 после одигрување на првиот полуфинален меч против Пелистер.

Кадетите на Вардар по поразот во градското дерби од екипата  на Работнички се се подалеку во борбата за трофејот со екипата на Шкендија, на која и гостува во ова коло. Доколку тимот од Тетово слави или остане непоразен ќе биде многу блиску до титулата, а три бодови за избраниците на Влатко Колев ќе значат враќање на шансите за првото место. И тука првите два натпревари завршија со нерешен резултат и тоа 1:1 во Тетово и 2:2 на теренот на Академијата. Домашниот терен е голема предност за Шкендија, а Вардар мора да се надева дека може да го совлада противникот.

Шкендија најверојатно ќе биде старо-новиот шампион и во младинската лига, а тоа може да го потврди уште во недела, доколку излезе како победник во дуелот со Вардар. Во есенскиот дел загубивме на истиов терен со резултат 4:2, додека славевме во Скопје поубедливо со 4:1. Се поочигледно е дека вардаровите младинци и оваа сезона ќе останат без трофеј во двете натпреварувања.