По крајот на регуларниот дел во четирите групи од пионерска машка ракометна конкуренција познати се учесниците на завршниот турнир кој ќе го даде шампионот на Македонија во пионерска конкуренција. Истиот веќе е закажан и ќе се игра овој викенд, поточно 22.април, недела во нашата сала “Кале“ во Скопје. Вардар ќе има шанси во својата сала да ја нападне титулата.
Во нашата група ние завршивме со 100% ефект, момците на Адријана Будимир одиграа фантастична сезона забележувајќи 12 победи на исто толку мечеви сезонава. Тие постигнаа 354 погодоци или во просек скоро 30 по дуел, играа феноменално во одбраната и примија само 117 гола, или само 9,70 по одигран натпревар. натпреварувањето во групата го завршивме со 237 гола позитивна гол разлика. Се тоа не “лансираше“ на собирот на најдобрите четири екипи во земјава. Во недела ние ќе настапиме во првото полуфинале, а мечот за злато се игра попладе од, 18-00 часот. Ова е распоредот за завршниот турнир:
1/2фин. ВАРДАР-ГРК Тиквеш ( 10-00 часот)
1/2фин. РК Аеродром- КЛ7 Струга (12-00 часот)
Дуел за 3.место 16-00 часот
ФИНАЛЕ 18-00 часот
* Напомена момците на Будимир ќе имаат краток одмор пред неделниот предизвик бидејќи вечерва во 18-30 часот во рами на кадетската лига гостуваат кај тимот на РК Пролет. Дуелот се игра во салата во училиштето 11 Октомври во Скопје.