Двете женски црвено-црни екипи денеска ќе играат натпревари во рамки на четвртфиналето на Купот на Peпублика Македонија во ракомет.
Бранителот на титулата, првиот тим на ЖРК Вардар ќе биде домаќин на Овче Поле, апак младиот тим на Вардар јуниор гостува во Куманово. Начелно Вардар требаше да гостува во Свети Николе, но во согласност со екипата натпреварот се игра во Скопје, во големата сала во СЦ „Јане Сандански”. Победниците од четврт-финалните средби ќе се пласираат на финалниот турнир закажан за средината на мај.
Термините и локациите за двата дуела на црвено-црните дами се следни:
петок – сала во СЈ „Јане Сандански” – Скопје
Овче Поле – Вардар (19,30 ч.)
петок – сала ОУ „Х.Т.Карпош” – Куманово
Куманово – Вардар јуниор (18,30 часот)