Она што се зборуваше изминатите денови за минувањето на Жоан Кањељас во ПИК Сегед се оствари, денес добивме официјална потврда. Според истата по крајот од сезоната тој заминува од редовите на Вардар и минува во редовите на унгарскиот вице-првак.
Две години мина во црвено-црниот дрес 31-годишниот шпански ракометар, тој освои се што можеше овде, лани стана со црвено-црните првпат европски шампион во неговата кариера. Унгарскиот тим за него е осмиот клуб во кариерата, тој играше за: Грањољерс, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург, Кил и Вардар. За времето на престојот во Вардар покрај што го достигна врвот на клубски план што неможеше да се пофали од претходно, тој и на репрезентативец план постигна голем успех. Заедно со колегите го освои златото на Европското првенство во Хрватска оваа зима.