Денес, се одиграа дел од натпреварите од деветтото коло од Вардар Јуниор лигата. Колото се одржуваше во Спортската сала “Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден. Кај момчињата во генерација родени 2004/2005 на програмата беа два натправари.
Во првиот дуел екипата на РК Општина Кисела Вода Вардар беше подобра од екипата на РК Урдаревски Вардар со резултат 31-28. Дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, се играше постојано изедначено па на семафорот стоеа резултатите: 2-2, 3-3, 4-4, 5-5, 6-6, 7-7 и на крајот 8-8. Со два последователни гола Опш.Кисела Вода Вардар се одлепи на 10-8, предност која ја сочува до крајот на првиот дел. Тие заминаа на одмор со 18-16 во нивна корист на овој машки дуел кај генерацијата родени 2004/2005 година.
Општина К.Вода Вардар влезе подобро во вториот дел и успеа да се одлепи на плус четири, 23-19 по воведните минути од натпреварот. Тие во игра гол за гол во еден крајно ефикасен натпревар успеаа да ја сочуваат таа предност се до самиот финиш кога вледоа со резултат 30-26 во нивна корист. Тимот на Урдаревски се обиде во финишот да стигне, сепак успеа само да намали и беше поразен со резултат 31-28.
Во вториот дуел РК Илинден Вардар беше поразен со минимални 23-34 од екипата на РК Ангели Вардар во еден инересен дуел. Дуелот почна со по еден гол за почетни 1-1, така се играше се до финишот во кој се влезе со резултат 9-9 на семафорот во салата во населба Илинден. Ангели со гол за 9-10 го однесоа дуелот на одмор со минимална предност.
Вториот дел почна со серија 0-4 по која Ангели Вардар поведоа со пет гола, 9-14. Оваа предност беше на сила во текот на речици целиот втор дел, двата тима постигнаа десет гола и во финишот влеговме со резултат 19-24. Илинденци имаа фуриозен финиш, направија серија 4-0, но тоа беше доволно за минимален пораз од 23-24