Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи во Јуниор лигата за момците на: РК Ангели Вардар, Драчево Вардар и Урдаревски во генер. 2006/07
Победи во Јуниор лигата за момците на: РК Ангели Вардар, Драчево Вардар  и Урдаревски во генер. 2006/07

Победи во Јуниор лигата за момците на: РК Ангели Вардар, Драчево Вардар и Урдаревски во генер. 2006/07

Денес, сабота се одиграа   дел од натпреварите од деветтото коло од Вардар Јуниор лигата. Колото се одржуваше во Спортската сала “Гоце Делчев“ во скопската населба  Илинден. Кај момчињата во генерација родени 2006/2007 се одиграа три дуели.

j2a

Во првиот меч РК Урдаревски Вардар дојде до победа во соочувањето со екипата на РК Опш.Кисела Вода Вардар со резултат 22-9 (9-6). Првиот дел беше далеку поизрамнет на теренот за разлика од вториот период кој следеше. На почетокот со гол дуелот го отворија Кисела Вода која поведе со 0-1, веднаш нивниот ривал одговори со три гола и го презема водството поведувајќи со 3-1.  Следеше период во кој двата тима постигнаа по четири гола во противнинчката мрежа за резултат 7-5. Во финишот  РК Урдаревски успеа да ја зголеми предноста и да замине на одмор со резултат 9-6.

Вториот дел почна со пеколна игра на РК Урдаревски кои на почетокот со серија 4-0 се одлепија на високи седум гола предност, 13-6. Од минута во минута тие го засилуваа темпото, на истото не можеше да одговорат момците на Општина  Кисела Вода па мораа да се помират со пораз од дури 13 гола. На семафорот во салата “Гоце Делчев“ на крајот стоеше резултат  22-9 во корист на РК Урдаевски Вардар.

j2

Во вториот дуел тимот на РК Ангели Вардар триумираше во средбата со  РК Балтепе Вардар од Тетово со резултат 16-7 (9-3). Првиот дел почна со по еден гол за почетни 1-1, по што со серија 5-0 Ангели се одлепија на 6-1 предност. Тие играа подобро и на одмор заминаа со плус шест, 9-3.
Вториот дел беше рутина за нив тие ја зачуваа предноста при почетните налети на противникот, а потоа од минута во минута ја зголемуваа се до плус девет. Тие запишаа победа со резулта 16-7.

j3

Во третиот дуел РК Драчево Вардар  дојде до победа во мечот со тимот на РК Бисинов Вардар, тие триумфираа со резултат 7-6 (3-1). Во првиот дел кој беше неефикасен двата тима постигнаа по еден гол за почетни 1-1, потоа со два последователни гола Драчево замина на пауза со предност од 3-1. Во вториот дел РК Бисинов Вардар направи пресврт со серија 1-5 и  поведе со 4-6. Сепак Драчево се врати во игра и победи со минимални 7-6.