Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Прв пат сезонова Вардар (3) генер. “2007“ загуби бодови, откако одиграа нерешено со екипата на Форца, составена од играчи родени “2006“
Прв пат сезонова Вардар (3) генер. “2007“ загуби бодови, откако одиграа нерешено со екипата на Форца, составена од играчи родени “2006“

Прв пат сезонова Вардар (3) генер. “2007“ загуби бодови, откако одиграа нерешено со екипата на Форца, составена од играчи родени “2006“

Вардар (3) генерација родени “2007“  година кои се натпреваруваат во повозрасната “2006“ генерација денес за прв пат загубија бодови, откако одиграа со нерешен резултат 2:2.

Гледавме интересен и пред се дерби меч во детската лига. Иако помлади, црвено-црните дадоа достоен отпор дури имаа и шанса да победа, но можеби нерешениот резултат е најреален исход по она што се случуваше на теренот. Првиот директен удар го имаше Вардар и тоа Борјан Томовски, но голманот на Форца го одбрани ударот. Избраниците на Томче Трајановски први успеваат да го отварат резултатот и да поведат со 1:0 и тоа со погодокот на Борјан Томовски, кој погоди на одбиена топка, откако прво биеше Младеновски. Црвено-црните и по водството имаа поголем посед на топка и беа поконкретни во своите обиди. Откако по десната страна проби Емир Шаботиќ, нафрли топка до Младеновски, овој бие но одбрани противничкиот чувар на мрежата. Вардарци имаа можност да го “скршат“ резултатот и да зголемат, но по една добра акција, во која асистираше Грашески, топката стигна до Томовски, овој од добра позиција шутира само покрај голот, па резултатот остана непроменет. Се закани за прв пат и Форца, но ништо безопасно по голот на Јаневски. Противникот од никаде успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1, откако се случи големо невнимание во нашата одбрана, може да се каже дека самите си ја вметнавме топката во сопствената мрежа. На одмор се замина со резултат со 1:1.

Интересно второ полувреме гледавме со по еден гол на двете страни, за на крај да има поделба на бодовите. Двете екипи имаа во првите пет минути по еден удар, најпрво се обиде Томовски кај Вардар, потоа и на спротивната страна еден од играчите на Форца се обиде, но одбрани нашиот голман, Лука Јаневски. Најмладиот на денешниот меч заедно со Дамјаноски, Александар Грашески се обиде од прекин, топката оди покрај голот. Форца во следните минути успева да направи резултатски пресврт и да поведе со 1:2, откако погодија со глава од изведен корнер. Имавме можност бргу да вратиме, но Томовски немаше среќа, откако му асистираше Шаботиќ. Успеавме да го израмниме резултатот преку Александар Грашески, кој погоди од пенал по три корни на притивникот. До крајот на мечот за одбележување е обидот на Киш Марко кој бие од слободен удар, но со крајни сили одбрани голманот на Форца.