Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победи за момците на РК Ангели и Кисела Вода Вардар во мечевите кај генер. 2004/2005
Јуниор лига: Победи за момците на РК Ангели и Кисела Вода Вардар во мечевите кај генер. 2004/2005

Јуниор лига: Победи за момците на РК Ангели и Кисела Вода Вардар во мечевите кај генер. 2004/2005

Денес,  се одиграа   дел од натпреварите од деветтото коло од Вардар Јуниор лигата. Колото се одржуваше во Спортската сала “Гоце Делчев“ во скопската населба  Илинден. Кај момчињата во генерација родени 2004/2005  на програмата беа два натправари.

k22

Во првиот дуел екипата на РК Општина Кисела Вода Вардар беше подобра од екипата на РК Урдаревски Вардар со резултат 31-28.  Дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, се играше постојано изедначено па на семафорот стоеа резултатите: 2-2, 3-3, 4-4, 5-5, 6-6, 7-7 и на крајот 8-8. Со два последователни гола Опш.Кисела Вода Вардар се одлепи на 10-8, предност која ја сочува до крајот на првиот дел. Тие заминаа на одмор со  18-16 во нивна корист на овој машки дуел кај генерацијата родени 2004/2005 година.

Општина К.Вода Вардар влезе подобро во вториот дел и успеа да се одлепи на плус четири, 23-19 по воведните минути од натпреварот.  Тие во игра гол за гол во еден крајно ефикасен натпревар успеаа да ја сочуваат таа предност се до самиот финиш кога вледоа со резултат 30-26 во нивна корист. Тимот на Урдаревски се обиде во финишот да стигне, сепак успеа само да намали и беше поразен со резултат 31-28.

k2

Во вториот дуел РК Илинден Вардар  беше поразен со минимални 23-34 од екипата на РК Ангели Вардар во еден инересен дуел. Дуелот почна со по еден гол за почетни 1-1, така се играше се до финишот во кој се влезе со резултат 9-9 на семафорот во салата во населба Илинден.  Ангели со гол за 9-10 го однесоа дуелот на одмор со минимална предност.

Вториот дел почна со серија 0-4 по која Ангели Вардар поведоа со пет гола, 9-14.  Оваа предност беше на сила во текот на речици целиот втор дел, двата тима постигнаа десет гола и во финишот влеговме со резултат 19-24. Илинденци имаа фуриозен финиш, направија серија 4-0, но тоа беше доволно за минимален пораз од  23-24