Вардар со предност од еден гол ќе го започне реваншот од 1/4 во Лигата на Шампионите, откако славеше на гостувањето кај Кил. Иако во послеедните три минути влеговме со два гола негатива (28:26), до крајот на натпреварот, избраниците на Гонзалез направија серија од 0:3 и издвојуваа многу голема победа во “Шпаркасе“ арената (28:29). Човекот кој е десет години на кормилото на Кил, Алфред Гисласон вели дека неговиот тим ќе има тешка мисија на реванпот, потенцирајќи дека во Јане Сандански ги очекува пеколна атмосфера.
-Вардар е тим што уште нема доживеано пораз на домашен терен оваа сезона. Се треба да биде во ред и ние се надеваме на непристрасен натпревар во Скопје“, арената Јане Сандански е позната по пеколната атмосфера, во која е тешко да се совлада Вардар.