Во среда ќе се одигра 30 коло во првата македонска фудбалска лига, на кое на програмата е градското дерби помеѓу екипите на Вардар и Работнички. За главен судија на овој дуел кој својот почеток го има од 15 часот е делегиран, Димитар Мечкаровски.
Вардар има лоша серија од пет натпревари без победа, па можеби во среда ќе ја прекинеме лошата серија. Се очекува и деби триумф за новиот кормилар, Бобан Бабунски. Работнички пак на последните четири натпревари има три победи и еден пораз, под водството на Ѓоре Јовановски.