Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Штербик во изборот за најдобри одбрани, на Ф4 турнирот во СЕХА
(ВИДЕО) Штербик во изборот за најдобри одбрани, на Ф4 турнирот во СЕХА

(ВИДЕО) Штербик во изборот за најдобри одбрани, на Ф4 турнирот во СЕХА

Вардар стана шампион на седмата сезона во СЕХА-лигата и на тој начин го одбрани трофејот во ова натпреварување. На завршниот турнир, црвено-црните во големото финале го победија тимот на ППД Загреб, додека третото место му припадна на тимот на Целје П.Л. Медија тимот на СЕХА направи избор на најдобрите одбрани на завршниот турнир, а во него се најде и една одбрана на Арпад Штербик, на полуфиналниот дуел против екипата на Брест Мешков. Тука се уште и одбраните на Урх Кастелиќ, Урбан Лесјак и Раде Мијатовиќ.

Погледнете ги најдобрите одбрани на Ф4 турнирот.