Младите кошаркарски надежи на КК Вардар М15 викендов одиграа три контролки в Белград. Тие ја искористија паузата во домашниот шампионат и ја темпираа формата со три тест-дуели пред продолжението од првенството.
Црвено-црната селекција родени 2003 година одигра по една средба со тимовите на: Црвена Звезда, КК Визура и екипата на КК Жарково. По одиграните дуели нашите момци се вратија за Скопје каде ќе продолжат со подготовките за претстојните предизвици во домашната лига.