Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Десет победи, еден нерешен резултат и еден пораз за генерациите на ФК Вардар, во четвртото пролетно коло од детската лига
Десет победи, еден нерешен резултат и еден пораз за генерациите на ФК Вардар, во четвртото пролетно коло од детската лига

Десет победи, еден нерешен резултат и еден пораз за генерациите на ФК Вардар, во четвртото пролетно коло од детската лига

Изминатов викенд се одигра четвртото пролетно коло, во кое настап имаа сите генерации на фудбалскиот клуб Вардар. Одиграа вкупно 12 натпревари на кои забележавме десет победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

Генерацијата родени “2005“ година продолжуваат да редат победи и во овој дел од сезоната. Вардар (2) броеше до 18 во дуелот со екипата на Петровец, додека Вардар (1) го доби дербито против екипата на Работнички совладувајќи ја со резултат 6:1. Успешно коло имаше и генерацијата “2006“ која исто така забележа две победи и тоа во дерби мечеви. Вардар (1) беше подобар од екипата на Албарса (4:2), додека Вардар (2) го порази Работнички (4:1). Генерацијата “2007“ одигра три натпревари и забележа две победи и еден нерешен резултат. Вардар (1) го победи Скупи (5:2), додека Вардар (2) беше убедлив против Гоблен (9:1). Вардар (3) за прв пат сезона одигра со нерешен резултат и тоа во дербито со екипата на Форца (2:2), натпреварувајќи се во повозрасната “2006“ генерација.

Победи и за вардаровата генерација “2008“ и тоа за Вардар (1) кој убедливо ги порази врсниците од Работнички ( 12:4), додека Вардар (2) беше подобар од тимот на Форца 1 со резултат 9:0. Единтвениот пораз во ова коло го доживеа екипата на Вардар (1) од генер. “2009“ која беше поразена од екипата на Кул (1) со резултат 1:2, додека Вардар (2) немаше проблеми во дуелот со екипата на Њу Старс (2) која ја победи со 5:1. Најмладата генерација “2010“ одигра само еден натпревар и тоа Вардар (2) кој го доби дербито со Работнички (9:2), додека натпреварот на Вардар (1) против Грозданоски е одложен.

Од сите споменати мечеви на вардаровите екипи имавте можност да прочитате комплетни извештаи преку нашиот веб сајт.