Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004“ со една “нога“ е веќе во финалето на купот, убедливо совладан тимот на Фер Плеј на меч одигран во Охрид
ФК Вардар генер. “2004“ со една “нога“ е веќе во финалето на купот, убедливо совладан тимот на Фер Плеј на меч одигран во Охрид

ФК Вардар генер. “2004“ со една “нога“ е веќе во финалето на купот, убедливо совладан тимот на Фер Плеј на меч одигран во Охрид

Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година триумфираа на првиот меч од полуфиналето на купот, против екипата на Фер Плеј. Конечниот резултат денес на теренот во Охрид гласеше 0:4 во корист на Вардарци.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Љушев, Павлески, Серафимов, Милошевски, Јаневски, Хајдари, Каровски, Стоимов, Гуџуфи, Стојановски.

31350904_10215982275334680_7223709446512312320_n

По првото полувреме имавме предност од 0:2. Голеадата на овој меч ја отвори Сандро Каровски со гол уште во 5 минута од дуелот, додека на истекот на последната минута од првиот дел успешно стрелаше и Бесар Гуџуфи, за на одмор да имаме водство од 0:2. Доминација на црвено-црните и во вториот дел од овој дуел. Предноста ја зголемивме на 3:0 кога со првиот гол Георг Стојановски во 67 минута поведовме со 0:3, додека конечниот резултат од 0:4 го постави Игор Јаневски во 80 минута од овој прв полуфинален дуел во националниот куп.

Одлична предност имаат вардаровите момчиња по првиот полуфинален дуел и се на добар пат оваа сезона да ја освојат двојната круна. Реваншот против охридската екипа треба да биде само формалност и потврда на квалитетот на избраниците на Кралевски. Во регионолната-скопска лига имаме максимален број на освоени бодови и веќе можеме да се промовираме во шампиони на Македонија, во генерацијата родени “2004“ година.