Избраничките на Дибирова, ракометарките на Вардар вечерва славеа против Будуќност сo минимални,27-26, ова беше претпоследниот натпревар во Регионалната ВРХЛ лига за црвено-црните. За напомена уште од претходно во истата нашите девојки ја одбранија шампионската титула. Во годинашнава сезона во Регионалната лига ВРХЛ лига се играа пет турнири, на кои Вардар е неприкосновен со осум победи и едно реми во Скопје со Будуќност.
Ракометарките на Вардар успеаа на почетокот да поведат со 1:0, а потоа постојано имаа водство на овој дуел. Будуќност успеваше да израмни, но не можеше и да направи пресврт, бидејќи ние повторно се одлепувавме. Играта гол за гол траеше постојано во првиот дел, нашиот тим поведуваше, а Будуќност брзо израмнуваше. Ние на одмор заминавме со минимална предnост од еден гол 13-14.
Во вториот дел, Вардар успеа првпат да поведе со два гола на стартот, но подоцнa црногорките се вратија во игри и домашните израмнија на 18:18, а потоа дојде конечно до мал притисок во нападот од Вардар. Заигравме поангажирано, имавме повеќе од играта, Барбара Лазовиќ донесе погодок за вардарки со кој првпат стигнаа до плус четири , 24:20. Домаќинот до крајот ја надна нашата предност, неуспеа да не совлада ние победивме со 27:26.
Во следниот воедно и последен меч, утре вардарки играат против Крим, а во четврток е последниот дуел сезонава меѓу Будуќност и Крим. На крајот од турнирот на ракометарките на Вардар ќе им биде доделен и шампионскиот пехар.