Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Леонид Чорогунов: Многу ми значи наградата за најдобар голман, таа е доказ дека е препознаен мојот труд и квалитет
Леонид Чорогунов: Многу ми значи наградата за најдобар голман, таа е доказ дека е препознаен мојот труд и квалитет

Леонид Чорогунов: Многу ми значи наградата за најдобар голман, таа е доказ дека е препознаен мојот труд и квалитет

Изминатиов викенд се одигра завршниот турнир во пионерската лига. Ракометарите на Вардар се нови шампиони на Македонија, откако успеаа во големото финале да ја победат екипата на Аеродром и тоа убедливо со резултат 27:20. Избраниците на Будумир најмногу покажаа оваа сезона, на 14 одиграни мечеви имаат 14 победи и на крајот заслужено го освоија трофејот. Голема заслуга за тоа има и голманот на екипата, Леонид Чорогунов, кој на финалниот дуел имаше двоцифрен број на одбранети удари, интервенции со кои ја понесе екипата кон првото место. Во следново интервју ве запознаваме токму со овој млад и ндежен голман, кој е дел од пионерската и кадетска екипа на Вардар.

1. Како ја добивте желбата да тренирате ракомет и зошто баш на позицијата голман ?

-Мојата желба за ракомет започна гледајќи го финалето на Европското првенство во 2012 година. Мојата кариера ја започнав како играч, но еден ден се пријавив да бранам на еден тренинг. Притоа, тренерот одлучи целосно да ме премести на голманската позиција и од тој ден се вљубив во бранењето.

2. На колку години започнавте да играте ракомет, во која школа и кој беше вашиот прв тренер со кој имавте можност да соработувате ?

-Започнав да тренирам ракомет на возраст од 10 години, во ракометното школо на Андријана Будимир. Уште од мојот прв ден кога се одлучив да играм ракомет, Андријана беше мој тренер и за тоа сум и многу благодарен.

31195759_524979517896944_9223078961171398656_n

3. Како се случи да дојдете во Вардар и на чија заслуга ?

-Сезоната 2016-2017 беше мојата прва сезона во црвено-црните бои на Вардар. При повреда на раката, не бев во можност да се пријавам на селекцијата во предходната сезона, кога нашата екипа за прв пат се формираше. Мојот тренер, Филип Глигоров заедно со Андријана, одлучија да ме испратат на селектирањето за млади играчи, кои што можат да донесат талент во генерацијата 2002/03. После краток период, бев информиран дека станав член на РК Вардар.

4. Како ја видовте целата сезона во пионерската лига, во која имавте максимален број на освоени бодови. Во големото финале го совладавме Аеродром, натпревар на кој го скршивте нивниот отпор во вториот дел.

-Пионерската лига не беше проблем за нашата екипа. Меѓутоа, за секоја победа требаше да се бориме, и на некои мечеви беше потребен нашиот максимален труд за победата да дојде во наши раце. Завршниот турнир беше нашата шанса да го освоиме златото. Со таков менталитет ги изигравме двете утакмици, и дадовме се од себе за да ја освоиме титулата. Финалето против екипата на Аеродром беше една голема борба, до полувремето утакмицата беше се уште неизвесна. Но, нашето искуство дефинитивно ни помогна да го совладаме противникот во второто полувреме и да го освоиме трофејот.

0

5. На завршниот турнир освоивте награда за најдобар голман, што преставува истата за вас и дали ја очекувавте ?

-Наградата за најдобар голман значи многу за мене. Таа ми докажува дека го имам покажано мојот талент пред многу луѓе и дека целиот мој вложен труд е препознат. Јас очекував дека оваа награда ќе заврши во моите раце, бидејќи имам искуство играјќи против останатите елитни екипа на Бакланот и Европа.

6. Колку сте задоволни од вашиот придонес, кој го давата за добрите резултати на вашата генерација ?

-Мојот придонес во екипата верувам дека е позитивен. Секој ден е борба. Можност за напредок е мотив која не форсира да работиме кон нашата цел. Тоа е победата.

vardarfans-corogunov

7. Многу сте блиску до пласман на Ф4 турнирот во кадетската лига, дали сметаш дека Вардар има сили и квалитет да биде прв и во оваа лига ?

-Нашиот пласман на завршниот турнир во оваа лига се уште не е потврден. Ни следува тешка утакмица и дербито со Металург, која што ни го одзема целосното внимание. Сметам дека го имаме квалитетот за да ја освоиме и кадетската лига. Тоа беше нашата цел уште од почеток на сезоната. Кон секој противник треба да се покаже респект, и не смееме да ги потцениме останатите екипи. Со ваков менталитет, работиме кон обединување на двата трофеи.

8. Каков тренер и личност е Будимир, колку таа има заслуга за успесите на оваа надежна генерација на Вардар ?

-Андријана е извонреден тренер. Горд сум на тоа што целата моја кариера ја имам поминато со Андријана како мој тренер. Андријана целосно е посветена кон нас и сите сме среќни што таа не води низ нашата рана кариера во ракометот. Секогаш се труди да даваме максимум на секој тренинг и напредокот во сите играчи е видлив. Нашиот тренер е голем дел од успехот што го имаме остварено оваа сезона.

Звонко Ивановски