Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лекиќ: Последните неколку натпревари ги одигравме врвно во нападот, но мора да обрнеме внимание на одбраната
Лекиќ: Последните неколку натпревари ги одигравме врвно во нападот, но мора да обрнеме внимание на одбраната

Лекиќ: Последните неколку натпревари ги одигравме врвно во нападот, но мора да обрнеме внимание на одбраната

Вардарки стигнаа до осмата победа во рамките на регионалната лига, откако на последниот турнир кој се игра во Подгорица ја совладаа екипата на Будуќност. Во еден интересен и неизвесен дуел, црвено-црните на крајот беа посреќни и славеа со резултат 26:27. Ова е подготовка за главниот предизвик кој го очекува Вардар, на завршниот турнир од Лигата на Шампионите. После триумфот против Будуќност, своите впечатоци од играта ги сподели средниот бек, Андреа Лекиќ која го изјави следново.

-Секогаш е дерби кога играат Будуќност и Вардар. Денеска беше можеби малку поостро за ваков натпревар, за нас малку и ризично бидејќи не очекува Ф4 на ЛШ. Но, сѐ добро се заврши. Она на што мораме да обрнеме внимание е одбраната, не сум задоволна, примивме многу лесни голови и тоа низ средина. А без одбрана тешко дека ќе направиме нешто во Будимпешта. Нападот изгледаше течно, атрактивно и се гледа дека добро се познаваме и навистина последните неколку натпревари ги одигравме врвно во нападот.

Денес го играме и вториот натпревар, а противник ќе ни биде тимот на Крим Меркатор од Словенија.