Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Информација за мечот Вардар – Кил, ќе има посебни и засилени мерки за безбедност!

РК Вардар: Информација за мечот Вардар – Кил, ќе има посебни и засилени мерки за безбедност!

Како што информираат од црвено-црниот ракометен колектив за натпреварот меѓу Вардар и Кил што е закажан за во недела, 29 април 2018 година ќе има посебни и засилени безбедносни мерки. Во информацијата се вели:

Поради тоа се молат сите наши навивачи кои имаат билети за натпреварот да пристигнат навреме во салата, за да ги завземат своите места.
Со еден билети ќе може да влезе само ЕДНО лица. Нема да биде дозволено внесување на деца без билет. Се препорачува да не се носат деца помали од седум години на натпреварот.

Пред платото на салата во СЦ „Јане Сандански” ќе биде поставен видео бим на кој сите заинтересирани ќе може да го гледаат натпреварот. Почнувајќи од 15 часот во недела фановите пред платото ќе ги забавува ди-џеј, а за сите навивачи предвидени се и разни други забавни содржини.

Поради безбедносни причини паркингот на салата во СЦ „Јане Сандански” на денот на натпреварот ќе биде затворен.

Публиката се замолува со себе да не носи чанти, ранци, несесери, пластични шишиња, лименки и слично. Од навивачки реквизити ќе биде дозволено внесување во салата само на клупски знамиња на Вардар и на државното знаме на Република Македонија.

Вратите од салата во СЦ „Јане Сандански” ќе бидат отворени во периодот од 15,30 часот, па се до 16,45 часот.
Натпреварот Вардар – Кил е закажан за 17 часот во недела на 29 април.