Вардаровата генерацијата родени “2004“ година утрово на теренот на Академијата го одиграа дербито со екипата на Шкупи. Овој меч убедливо го добија црвено-црните со резултат од 4:1.
Тренерот Кралевски стртуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Јаневски, Љушев, Милошевски, Анчевски, Каровски, Серафимов, Хајдари, Попов, Стоимов, Гуџуфи.
Првиот удар на овој натпревар го имаше екипата на Шкупи, но одбрани нашиот голман, Наум Ангелов, додека Вардар врати преку Стоимов кој на нафрлена топка бие со глава над противничкиот гол. Обид имаше и Гуџуфи но ништо опасно кон голот на чаирчани. Противникот успева прв да го отвори резултатот на вој дуел и да поведе со 0:1, откако имаше големо невнимание, односно координација на нашите дефанзивци го голманот Ангелов, па Шкупи постигна гол и прв поведе на овој меч. Прва измена во нашиот состав, на местото на Хајдари во игра влезе Левент Ибраим. Токму нововлезениот Левент успева да се запише во листата на стрелци и да го израмни резултатот на 1:1.
Најпрво во противничкиот шеснаесетник нафрли Јаневски, топката прво стигна до Гуџуфи, кој ја додаде до Ибраим а овој успешно стрела во мрежата на гостинот и носи израмнување. Во следнииот период обид имаше и Стоимов кој бие од слободен удар над голот. Во последните десет минути од првиот дел, иницицјативата на црвено-црните дава резултатот со втор гол, за целосен резултатски пресврт. Стрелец на голот за 2:1 е Бесар Гуџуфи. Со овој резултат завршија првите 40 минути од мечот.
Во второто полувреме, екипата на Шкупи даваша отпор само во првите десет минути од мечот кога не водивме шанси по двата гола. Потоа во една минута проследивме два удари на Вардар. Најпрво по нафрлена топка на Левент со глава биеше Гуџуфи над гол, за потоа истиов играч да биде за малку покрај голот на Шкупи. Вардар беше подобар во овој дел од мечот и константно напаѓаше со цел да постгне нов гол во мрежата на гостинскиот тим. Тоа ни успева кога Ибраим Левент издржа дуел со противничкиот играч, ја додаде топката до Горазд Попов, кој немаше проблем да ја погоди мрежата и да му донесе предност на Вардар од 3:1. Токму стрелецот на голот ја напушти играта, додека на негово место во игра е Арбин Курти.
Имавме голема шанса да го зголемиме резултатот преку Бесар Гуџуфи,, но одбрани противничкиот голман, па резултатот остане непроменет. До крајот на мечот уште еден гол во мрежата на гостинскиот тим. Откако во противничкиот шеснаесетник беше соборен Гуџуфи, судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Давид Љушев кој бие прецизно и ги поставува конечните 4:1.
Оваа генерација предводена од Игор Кралевски стигна до својата 16 победа од исто толку одиграни натпревари. До крајот на сеоната остануваат уште четири кола за одигрување, а веќе во следното Вардар може да се промовира во шампион на регионалната-скопска лига.