Денес во “Кале“ во рамки на кадетската машка ракометна лига се одигра дербито Вардар- Металург. Во еден пеколен дуел со неизедначен судиски критериум на наша штета, црвено-црните момци на Будимир се издигнаа од пепелата и како феникс дојдоа до она што им беше потребно за првото место. Ние одигравме реми, кое заедно со победата против истиот тим в гости на есен ни ја обезбедува првата позиција која носи на Ф4 турнирот и битката за злато. Овој дуел заврши 23-23 (12-15).
Првите минути беа изедначени па двата тима успеаа да постигнат по два гола во противничките мрежи за почетни 2-2. Ние потоа успеавме да се одлепиме на плус два, 5-3. Сино-белите некаде на средината од првиот период изедначија на 8-8 и внесоа неизвесност во самиот натпревар, потоа на семафорот повторно беше реми 10-10. Следеше серија 0-3 со која Металург се одлепи на плус три, 10-13. Тие успеаа ова водство да го сочуваат до одморот кога заминаа со резултат 12-15.
Во најголемата “безна“ бевме кога на почетокот на вториот дел тие отидоа на плус пет, 14-19, ние покрај нивните напади имавме маки со честите престроги исклучувања, големата толеранција на пасивната игра на cино-белите во напад и оштриот критериум кога ние напаѓавме. Будимир инсистираше да го искористат нашите момци најсилното оружје кое го имаат, силната и бескомпромисна игра во одбраната. Мотивирани и со голем елан црвено-црните момци заиграа фантастично во дефанзива Стојковски Давид на голот им даваше дополнителен елан. Срцето оставено на терен даде резултат, направивме серија 7-2 иако на моменти бевме со играч помалку во поле, успеавме да зиедначиме на 21-21 пред финишот.
Момците на Јовиќ не се предаваа тие со два гола влегоа со 21-23 во последниот период, резултат кој на нас не ни одговараше. Сепак црвено-црното срце победи погодивме за 23-23, односно реми еднакво на победа. Металурзите имаа последен напад, на голот одлично одбрани Стојкоски за голема радост. Покрај пеколот кој го минавме, во овој дуел и на моменти бевме далеку од пласманот во Ф4, ние покажавме карактер, Будимир им даваше на момците елант и воља од клупата сето тоа вроди со плод.