Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година денес на теренот на Академијата одиграа натпревар против екипата на Шкупи, кој го добија со резултат од 6:0.
Тренерот Петрески стартуваше со следните 11-сетмина: Стојковски (c), Марковски, Трпезановски, Сељанац, Јовановски, В.Стојановски, Алими, Хасани, Мирков, Прелоговски, Г.Стојановски.
Вардар доминираше на овој натпревар и полесно од очекувањата успеа да ја победи екипата на Шкупи. Уште во првите минути од дуелот го отворивме резултатот, кога Антонио Мирков од слободен удар успева да ја погоди противничката мрежа и да му донесе предност на Вардар од 1:0. По отварање на резултатот во добра прилика се најде и Александро Прелоговски, но голманот на Шкупи бргу интервенираше и спаси нов гол во својата мрежа. Следи добра акција на црвено-црните, која започна од Георг Стојановски кој додаде до Прелоговски, овој ја препушти топката до Мирков, кој не греши и со својот втор гол денес му носи зголемено водство на својот тим од 2:0. Шкупи речиси и да се не се состави со топката и речиси не ја помина половината, за разлика од Вардар кај кој постоеже желба за нови погодоци. Пред да стигне третиот гол, Георг доби топка од своите соиграчи, упати удари но одбрани голманот на гостинскиот тим. Сепак во следната акција, Георг Стојановски покажува дека се работи за голем голгетер. Од прекин имаше нафрлена топка, на вистинското место се најде Георг кој со глава биеше во мрежата на Шкупи, за веќе предност од 3:0. Нов слободен удар за избраниците на “Чунга Лунга“, се обиде повторно Мирков, овој пат голманот на Шкупи со крајни сили ја допре топката доволно да ја погоди пречката и да спаси поголема негатива. Сепак не успеа противникот да се спаси во следниот обид, кога исто од слободен удар биеше Абдула Хасани, кој го префли живиот ѕид на Шкупи и погоди за предност од 4:0. Прв директен удар конечно имаше и гостинот, но топката заврши во рацете на Лука Стојковски.
Измена прва во вториот дел, од игра излезе Алими, додека влезе Марио Петрушевски. Екипата на Шкупи имаше голема шанса да постигне почесен гол, откако еден од нивните играчи се најде очи во очи со нашиот голман, Стојковски кој со одлична интервенција спаси чист гол. Нови измени направи тренерот Петрески, на местото на Марковски Мирков и Хасани, во игра се Павлески и Исмаили и Тасески. Имавме контрола на играта и пред се резултатот, а силите се чуваа за реванш мечот од купот, како и за последните четири дуели во лигата. Втора шанса за Шкупи на овој дуел, но повторно како победник излезе Стојковски кој брани маестрално. Стигна и петтиот гол во гостинската мрежа, а стрелец на голот е Никола Павлески кој денес доби шанса да игра за повозрасната генерација на Вардар. На погодокот претходеше удар на Стојановски Георг од од прекин, кој со помош на голманот ја погоди пречката, но одбиената топка стигна до Павлески, кој од метар ја смести во голот, за предност од 5:0. Во игра се и голманот Рамадани и Петкоски, кои ги заменија Стојковски и В. Стојановски До крајот на мечот уште еден гол гол за црвено-црните, втор на овој натпревар за Георг Стојановски, кој на асистенција од Тасески бие прецизно и ги поставува конечните 6:0 на овој дуел од регионалната-скопска лига.
До крајот на сезоната остануваат уште четири кола за одигрување, а Вардар пред ова кола имаше пет бодови предност пред екипата на Шкендија, која во ова коло е домаќин на екипата на Њу Старс.