Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар (2) генер.2007 високо го порази Шкупи
ФК Вардар (2) генер.2007 високо го порази Шкупи

ФК Вардар (2) генер.2007 високо го порази Шкупи

Денес на терените на ФФМ во Населба Ново Лисиче се одигра 5.коло оваа пролет  во детската лига, во истото свој настап имаа момчињата од ФК Вардар (2) генерација родени 2007 година. Момците на Томче Трајановски се сретнаа со екипата на ФК  Шкупи, тие на овој дуел дојдоа до победа со резултат 5-1 (1-0).

8

Првиот период беше далеку понеефикасен од второто полувреме, во истото и покрај серијата шанси видовме само еден погодок. За нас прилики за погодок кои не ги реализираа имаше Борјан Томовски  во првиот дел, исто така прилика не искористи и Иван Стојановиќ. Шкупи имаше спорадични обиди сепак на голот беше сигурен Јовица Спасовски. За нас овој прв дел со погодок го отвори Димитар Фидановски, тој погоди за 1-0, резултат со кој и се замина на пауза. Ние иако имавме повеќе од играта моравме да се задоволиме со минимално водство на одморот.

6

Вториот дел почна со наша ицицијатива на почетокот со цел да го удвоиме водството на овој дуел. Сепак противникот искористи една шанса и изедначи на 1-1 на овој натпревар. Ние тргнавме храбро со цел да ја вратиме предноста, поведовме со еден гол разлика преку Марко Крстевски, кој погоди за 2-1. Потоа умешно водството го удвои Иван Стојановиќ, тој даде гол за наша предност од 3-1 на овој дуел. На сцена стапи во нашите редови Јаковчевски Кристијан, тој најпрвин од слободен удар се обиде и неуспеа да погоди, веќе во следната прилика изведуваше казнен удар по три корни. Силно умешно тој пеналот го претвори во гол за наша предност со високи 4-1.  До крајот за одбележување имаше два прилики, првата ја имаа сино-белите ривали, сепак на нашиот гол сигурно одбрани нашиот голман Јовица Спасовски. Во втората прилика, и последна на овој дуел со удар од дистанца убаво погоди Борјан Томовски. Тој стрелаше за 5-1, резултат со кој се оконча овој натпревар.

9