Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Полина Кузнецова од следната сезона ќе го носи дресот на Ростов Дон
Полина Кузнецова од следната сезона ќе го носи дресот на Ростов Дон

Полина Кузнецова од следната сезона ќе го носи дресот на Ростов Дон

Ракометарката на Вардар, Полина Кузнецова од следната сезона ќе настапува за екипата на Ростов Дон од Русија. По една сезона во црвено-црниот дрес, левото крило се враќа во родната Русија и тоа во екипата, која е противник на Вардар на завршниот турнир во Лигата на Шампионите. Кузнецова во Ростов ќе ја замени Сираба Дембеле, која пак се враќа во Франција.

Кузнецова оваа сезона постигна 37 голови во дресот на Вардар, а во Русија настапуваше за сите најсилни екипи. Ова ќе значи нејзино враќање во екипата на Ростов Дон, за која настапуваше пред 15 години. Клубот денес на својата официјална страна го потврди нејзиното доаѓање и и посака добредојде.

vardarfans-kuznecova