Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор без бодови во мечот со ЖРК Куманово
Вардар јуниор без бодови во мечот со ЖРК Куманово

Вардар јуниор без бодови во мечот со ЖРК Куманово

Денес во салата “Кале“ во рамки на  женската Супер лига  девојките на Симе Симовски, Вардар Јуниор   ја нагости екипата на ЖРК Куманово од истоимениот град. Во овој натпревар до победа дојде гостинот со резултат 32-29 (16-13).

25

Натпреварот почна со два гола во нашата мрежа, по кои Куманово отвори со почетни 0-2 на овој дуел. Ние се вративме во игра и намаливме на 2-3 во продолжение. Се играше во поголемиот дел во првото полувреме гол за гол, се до 18.минута кога на семафорот стоеше резултатот 7-8. Следеа минути на гостинките кои успеаа да поенираат повеќе од нас и отидоа на “плус три“, 9-12 во 23.минута. По ова се до паузата двата тима постигаа по четири гола па со три негатива, 13-16 заминавме на одмор.

22

Вториот дел со гол го отворивме ние, во првата акција погодивме за намалување на 14-16 преку денес одличната Милица Никочиќ. Потоа со два гола на Анастасија Николовска од десната крилна позиција изедначивме на 16-16 по само 3.минути игра во вториот период. Во продолжение се играше гол за гол се до резултат 19-19 , до кога двата тима постигнаа по три гола. Гостинските со два гола успеаа да се одлепат на 19-21 во продолжение. Во продолжение следеше пад во нашата игра па во 45.минута губевме со 20-24 по што Симе Симовски се одличи да го искористи првиот тајм-аут во вториот дел. Се обидовме да стигнеме, но неуспеавме кумановки ја одржаа разликата од четири гола, тие со резултат 28-32 влегоа во последната минута. Ние до крајот идинствено успеавме да намалиме на 29-32.

24

Кај нас Божиновска Ива имаше 9 гола, Трпевска Ивона постигна 7 погодоци, Милица Никочиќ стрелаше умешно 5 пати,  а три гола беа дело на Анастасија Николовска. Филиповска даде 2, а по еден гол имаа Иванова Ана, Диневска Бојана и Николовска Марија.