Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардарци успешни во Струмица, висока победа на пионерите на ФК Вардар и реми за пом.пионери на гостувањето кај А.Пандев
Вардарци успешни во Струмица, висока победа на пионерите на ФК Вардар и реми за пом.пионери на гостувањето кај А.Пандев

Вардарци успешни во Струмица, висока победа на пионерите на ФК Вардар и реми за пом.пионери на гостувањето кај А.Пандев

Денес во Струмица кај екипата на Академија Пандев гостуваа две вардарови млади екипи. Помладите пионери одиграа реми, а повозрасните нивни колеги, пионерите на ФК Вардар триумфираа со високи 0-3.

Пионерите на Вардар дојдоа до убедлива победа против тимот на Академија Пандев, тие триумфираа со високи 0-3 (0-1). Момците на Ѓорѓиевски Петар одиграа далеку подобро од противникот и го надиграа во сите сегмени на фудбалската игра.

Ние настапивме со овој почетен состав: Андов, Ѓурковски, Димовски, Митревски, Манасиевски, Бојковски, Ристовски, Речица, Илиевски,  Туша, Игнатов.

Ние на почетокот се обидовме и успеавме да наметнеме иницијатива, тоа вреди со погодок во 27.минута. Резултатот на овој дуел го отвори Давид Ристовски, тој погоди за 0-1 и наше водство. Имавме и ние и домаќинот неколку прилики сепак првиот дел се заврши со овој резултат.

Вториот дел го почнавме со желба и иницијатива да го удвоиме водството на оваа средба. Имавме повеќе од играта и со тоа си создававме прилики. Во 54.минута нововлезениот Андоновски Филип успеа да ја удвои нашата предност тој погоди за 2-0, високо водство кое ни гаранираше помирен финиш. Сепак и покрај овој гол ние не застанавме напаѓавме, а тоа вроди со полод. Ветон Туша во 69.минута зголеми на високи 0-3, резултат со кој заврши овој меч.

Помладите пионери одиграа реми со струмичани, тие ги поделија бодовите со Академија Пандев откако одиграа нерешено, 1-1 (0-0). Сашо Тодоровски мечот го почна со следните играчи: Величковски, Салиу, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ,  Крстевски, Демири, Омерагиќ. Петерчук, Стојановски, Фазлиу и Гугуљанов.

Првиот дел заврши нерешено, двата тима имаа по неколку прилики за погодок сепак мрежите на Величковски Матеј и голманот на Академија Пандев останаа незатресени. Па на пауза се замина со почетните 0-0. Во вториот дел стрелците беа порасположени, постигнати беа два гола, по еден во двете мрежи. Најпрвин ние отворивме за 0-1 преку Омерагиќ Азер, тој во  55 минута погоди за водство на црвено-црните. Домаќинот искористи една прилика и во  67.минута успеаа да изедначи на 1-1. Токму со овој резултат се оконча дуелот помеѓу овие две помлади пионерски екипи.