Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес сите живееме за ракометот, за победа на Вардар и нов историски пласман на Ф4 во Келн, каде ќе браниме Европската титула
Денес сите живееме за ракометот, за победа на Вардар и нов историски пласман на Ф4 во Келн, каде ќе браниме Европската титула

Денес сите живееме за ракометот, за победа на Вардар и нов историски пласман на Ф4 во Келн, каде ќе браниме Европската титула

Денес сите живеат за ракометот, сите со нетрпение го очекуваат реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ, помеѓу екипите на Вардар и Кил. црвено-црните повторно имаат голема шанса да испишат историја и да се пласираат на нов завршен турнир во Келн, каде ќе имаат можност да ја бранат Европската титула освоена од минатата сезона.

Денешниот дуел го започнуваме со еден гол предност, а дополнителен мотив за вардарци ќе биде домашниот терен, преполната арена, Јане Сандански како и громогласното навивање од своите најверни, кои денес најавија дека во голем број ќе бидат присутни на мечот кој значи пласман на завршниот турнир. Вардар може да се пофали со податокот дека нема пораз пред својата публика уште од 2016 година, односно поточно од месец ноември, кога на домашен терен загубија од екипата на Рајн-Некар, на натпревар во една од најсилните групи. Од тогаш избраниците на Раул Гонзалез знаат за победи, а се уште не се најде противник кој може да ги победи во арената каде денес ќе се одигра дуелот. Оваа сезона одигравме седум дуели во С.Ц. Јане Сандански и имавме шест победи и еден нерешен резултат и тоа оној во последното коло против екипата на Висла Плок, кој немаше резултатско значење за нашиот шампион. Од друга страна Кил не смее никако да се потцени и знае да биде подеднакво добар и незгоден кога игра и на гостински терен. Во составот на Гисласон ќе недостасува десниот бек, Вајнхолд, па така товарот на таа позиција ќе отпадне на Марко Вујин, кој е најдобар стрелец на тимот и од кој ќе доаѓа најголемата опасност по голот на Арпад Штербик.

Очекуваме да се повтори минатата сезона, кога во четвртфиналето елиминиравме екипа токму од најсилната бундес лига, тоа е екипата на Фленсбург која во истава арена ја поразивме убедливо и на тој начин за прв пат се пласиравме на завршниот турнир. Пред четири години исто во осминафиналето ја елиминиравме екипата на Хамбург, која таа сезона беше актуелен шампион на Европа. Не очекува голема борба и битка со екипата на Кил која е повеќекратен шампион во Германија, и тим кој тежи три Европски титули. Од 2010 година па натаму, “зебрите„ само на два пати не успеаа да се пласираат на Ф4 во Келн, што говори со каков тим денес ќе се надигруваме, кој има богата историја зад себе и искуство од настапите во Лигата на Шампиооните. Се тоа треба да се заборави и денес Вардар да тргне со сите сили, да даде и повеќе од максмимум за да се елиминира екипата на Кил. Ова ќе биде и последен дуел на домашен терен во Лигата на Шампионите за играчите, кои од следната сезона ќе настапуваат за други екипи. Се работи за Абутовиќ, Циндриќ, Кањелас, Марсениќ, како и тренерот Гонзалез кој заминува во екипата на ПСЖ. Најдобро опростување за нив денес ќе биде елиминацијата на Кил и можноста уште еднаш со Вардар да се борат за врвот во Европа.

Натпреварот ќе започне од 17:00 часот, а сите погледи на домашната спортска јавност се свртени токму кон овој натпревар. Веќе од поодамна салата е распродадена, а Кил го очекува вистински пекол. Се надеваме дека ќе уживаме во уште една добра ракометна претстава од нашите шампиони, па сите заедно да прославиме нов успех за Вардар.