Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победи за Балтепе и Опш.Кисела Вода Вардар во првите два машки дуели
Јуниор лига: Победи за Балтепе и Опш.Кисела Вода Вардар во првите два машки дуели

Јуниор лига: Победи за Балтепе и Опш.Кисела Вода Вардар во првите два машки дуели

Во Јуниор ракометната вардарова лига изминатиот викенд во населба Илинден се одиграа дел од дуелите од 9.коло. Денес на програмата е вториот дел од 9 коло, истиот се игра во СЦ Кале. Утрово се одиграа два машки дуела, во две конкуренции , генер.2002/03 и 2004/05.

113

Во генерација родени 2002/2003, утрово прв меч одигра РК Балтепе Вардар од Тетово кој беше совладан  од тимот на Опш.Кисела Вода Вардар со резултат 20-12 (9-5). Први на почетокот со серија 6-0 дуелот го отворија момците од скопскиот тим кои уште на почетокот успеаа да воспостават контрола на дуелот. Потоа следеше игра гол за гол на двете страни, се до финишот кога Балтепе успеа да ја намали негативата на минус четири. На одмор заминавме со резултат 9-5 во корис на скопските момци.

Вториот дел почна со одлична игра на тетовскиот колектив, тие на почетокот успеаа да направат серија 1-4 и да дојдат на минимална негатива, 10-9.  Кисела вода несакаше да ја испушти оваа средба па врати на исти начин, тие влегоа во серија осе одлепија на “плус пет“, 15-10. Се до крајот беше во нивни раце тие од постојано ја зголемуваа предноста и на крајот победија со резултат 20-12. Кај победникот Петковки имаше 7 гола, кај поразените Кочоски постигна три.

1109

Во вториот машки дуел РК Балтепе од Тетово го совлада тимот на Вардар ДБ од Кавадарци, ова беше дуел во генерација 2004/2005. Тетовчани победија со високи 30-12. По почетните 1-1, Балетепе се одлепи на плус три, 4-1. Момците од тетовскиот тим го контролираа дуелот во првиот дел, од минута во минута само додатно го зголемуваа водството. На одмор заминаа со седум ралика, на семафорот во “Кале“ стоеше 15-8 во нивна корист.

1128

Вториот дел  почна со гол за Вардар ДБ чии момци намалија на 15-9, но потоа на теренот имаше само еден тим, Балтепе со серија 6-0 отиде на високи 21-9 и најави дека денес прашање е само со колкава разлика ќе дојде до победа. По овој момент па до крајот Балтепе постепено ја зголемуваше предноста, тие на крајот победија со 18 гола повеќе, 30-12. Смиљановски и Трпевски кај победникот имаа по 8 гола, кај поразените Младенов погоди 3 пати.