Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Ибиши го реши кадетското фудбалско дерби, Вардар подобар од А.Пандев
Ибиши го реши кадетското фудбалско дерби, Вардар подобар од А.Пандев

Ибиши го реши кадетското фудбалско дерби, Вардар подобар од А.Пандев

Кадедетите на ФК Вардар денес на теренот на Академијата го добија дуелот против екипата на Академија Пнадев. Триумфиравме минимално со 1:0, со погодокот на Џемал Ибиши.

ФК Вардар: Тимевски, Димов, М.Младеновски, Петкоски, Радевски, Димоски, Пешевски, Ѓурковски, А.Младеновски,  Мустафа, Ибиши.

a

Првиот удар го имаше екипата на Академија Пандев, но нивниот удар заврѓи покрај нашиот гол. Црвено-црните имаа можност први да го отворат резултатот, откако Александар Младеновски ја погоди стативата од противничкиот гол. Не гледавме многу шанси во првиот дел, се играше по средината на теренот и двете екипи играа одлично во одбраната. Сепак Вардар успева прв да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 и тоа со голот на Џемал Ибиши. Од корнер нафрли Димоски во противничкиот шеснаесетник на вистинското место се најде Ибиши, кој со глава ја смести топката во мрежата на пандевци. Во следниот период се обидоа Мустафа и Пешевски, но резултатот остана непроменет. Имаше обид и екипата на Академија Пандев, но истиот го одбрани нашот голман, Бојан Тимевски. Беше направена принудна измена во нашиот состав, на местото на Радевски во игра е Матеј Николов. По првите 45 минути, Вардар има минимално водство од 1:0.

a3

Во вториот дел не видовме ниту еден погодок и резултатот остана оној истиот по првите 45 минути. За одбележување се удрите на Пешевски од некаде 20 метри, кој заврши покрај голот на А.Пандев, како и обидот на Илиевски, кога одбраната на струмичани исфрлаат од гол линијата. Се обиде и гостинската екипа со удар, но одбрани Бојан Тимевски. Топлото време ги отежнуваше условите за игра, па како да се чекаше крај на натпреварот. Вардар беше поконкретен сакаше да постигне нов гол, имавме обид преку Мустафа, како и во два наврати преку Александар Младеновски, но резултатот остана непроменет. На крајот триумф за црвено-црните од 1:0, за да ја прекинеме серијата од два последователни пораззи во лигата.

a4

Во игра во второто полувреме влегоа Илиевски, Митревски, Петејчук и Ристовски.