Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кај дамите во генер.2004/05 победи за: РК Кале Вардар, РК Асови и Опш.Кисела Вода во мечевите од Јуниор лигата
Кај дамите во генер.2004/05 победи за: РК Кале Вардар, РК Асови и Опш.Кисела Вода во мечевите од Јуниор лигата

Кај дамите во генер.2004/05 победи за: РК Кале Вардар, РК Асови и Опш.Кисела Вода во мечевите од Јуниор лигата

Денес во Спортскиот центар “Кале“  се играа дуели од 9.коло во ракометната вардарова Јуниор Лига. Кај младите дами родени 2004 и 2005 година се одиграа три натпревари. Во истите победи остварија РК Кале Вардар, РК Асови Вардар и тимот на Опш.Кисела Вода Вардар.

4

РК Кале Вардар од Кичево беше подобар од тимот на Вардар ДБ од Кавадарци со резултат 20-10 (9-4). На почетокот дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, веднаш потоа на семафорот стоеше повторно реми, 2-2.  Со серија 4-1 тимот од Кичево се одлепи на плус три, 6-3 некаде на среднината од првиот дел. Втората половина од првиот период исто така припадна на РК Кале чии девојки дополнително ја зголемија предноста па на одмор заминаа со плус пет, 9-4.

Вториот дел почна со игра гол за гол, двата тима истиот период го отворија со по три гола, по 7.минути игра на семафорот стоеше резултатот 12-7. Потоа повторно гледавме ракомет во кој девојките од тимот на РК Кале играа поангажирано од кавадарчанки. Тие од минута во минута ја градеа предноста се до крајот кога победија со двоцифена разлика. РК Кале Вардар победи со резултат 20-10, кај нив Стефаноска и Вељаноска имаа по пет гола, Ивана Бошкова кај поразениот тим беше прв стрелец со три гола.

3

Во вториот дуел РК Асови од Кичево лесно ја совладаа екипата на РК Драчево Вардар од Скопје. Кичевскиот тим кој бркаше гол-разлика за завршниот Ф4 турнир успеаа да победи со високи 20-0 (10-0). Првиот дел почна со по едно промашување на двете страни, по што РК Асови поведоа со 1-0. Од тогаш па се до 20.минута од овој дуел тие погодуваа постојано, а ниту еднаш не се затресе нивната мрежа. Со двоцифрена предност го завршија овој период на одмор се отиде со резултат 10-0.

2

Вториот дел исто како и првиот, беше сосема идентичен  на овој женски натпревар. Девојките на РК Асови Вардар од Кичево од минута во минута ја полнема мрежата на тимот од скопско Драчево. Тие и во овој период погодија 10 пати, а ниту еднаш нивната мрежа не беше “допрена“. На крајот од дуелот на семафорот во Спортскиот центар “Кале“ стоеше резултатот 20-0 во корист на кичевскиот тим. Кај нив прв стрелец со 6 гола беше С.Стојкоска, втор стелец со три гола беше Вељоска.

4444

Во треттиот дуел се сретнаа Опш.Кисела Вода Вардар од Скопје и РК Делчево Вардар, победа на овој натпревар оствари екипата од Скопје. Тие на почетокот поведоа со 2-0, но со иста мера врати противникот и изедначи на 2-2. Првиот дел беше целосно израмнет, на семафорот потоа беше 3-3, па 4-4 и 5-5 и на одмор заминавме со резултатска симетрија 6-6. Двата тима играа борбено и се трудеа да дојдат до успех.

44

Почетокот на вториот дел беше во знак на Опш.Кисела Вода Вардар тие одиграа фуриозно и направија серија 5-1, со која се одлепија на плус четири, односно поведоа со 11-7. Се играше гол за гол се до крајот на вториот дел во последната минута вледовме со четирите гола предност на Опш.Кисела Вода Вардар, на семафорот стоеше 14-10. Девојките од делчево успеаа во финишот да намалат на 14-11. Кај победникот Зорица Андовска даде дури 8 гола, кај поразените Д.Спасеска постигна три.

444