Црногорскиот “бомбардер“ Вуко Борозан, со шест гола беше најефикасен во редовите на Вардар на вчерашниот реванш четвртфинален меч против Кил, дуел кој нашиот тим го загуби 27-28, но сепак успеа да се пласира на Ф4.
Во изборите на ЕХФ ТВ за него имаше место во две категории, еден од неговите погодоци се најде на второто место на Топ 5 листата на најдобри голови за реванш натпреварите. Покрај тоа Борозан се најде и во најдобриот тим на оваа рунда односно е избран во идеалниот тим на реванш рундата.
Видео од најубавите погодоци може да ги видите на овој- ЛИНК.
Изборот на идеалниот тим може да го погледете- ТУКА.