Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против француските екипи ќе се бори за втората Европска титула
Вардар против француските екипи ќе се бори за втората Европска титула

Вардар против француските екипи ќе се бори за втората Европска титула

По одигрувањето на реванш натпреварите од четвртфиналето во Лигата на Шампионите познати се екипите кои ќе играат на завршниот турнир во Келн. Тоа се екипите на Вардар, Нант, Монпелје и ПСЖ.

Вардар по голема борба против Кил успеа по втор последователен пат игра на завршниот турнир во Келн. Иако противникот не совлада со еден гол разлика (27:28), поради повеќе постигнати голови во “Шпаркасе“ арената (28:29), црвено-црните ќе ја продолжат борбата за одбрана на Европската титула. Минатогодишниот финалист екипата на ПСЖ го потврди квалитетот и на вториот меч против Киелце и со две победи против поранешниот Европски шампион го завери учеството на Ф4.

Најголемото изненадување е екипата на Монпелје, која успеа на реваншот пред својата публика убедливо да ја порази екипата на Фленсбург (29:17) и на тој начин да се пласира на Ф4. Првиот дуел во Германија заврши со нерешен резултат (28:28). Нант успеа да ги задржи шестте гола предност од првиот меч на својот терен и исто така да обезбеди учество на завршниот турнир. На реваншот во Данска, екипата на Нант за која настапува Кирил Лазаров одигра нерешено со домашниот тим на Скјерн (27:27.).

Во очекување сме на ждрепката за полуфиналните парови. Она што е интересно дека Вардар ќе се бори против три екипи од Франција.