Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Со поддршка од трибините успеавме да се пласираме на Ф4 – Дибиров: Сакам да испиеме по едно пиво и да прославиме
Гонзалез: Со поддршка од трибините успеавме да се пласираме на Ф4 – Дибиров: Сакам да испиеме по едно пиво и да прославиме

Гонзалез: Со поддршка од трибините успеавме да се пласираме на Ф4 – Дибиров: Сакам да испиеме по едно пиво и да прославиме

Вардар направи нов голем успех, втор последователен пат успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн. Иако загубивме со еден гол разлика (27:28), поради еден гол повеќе постигнат на гостински терен, Вардар е тимот кој ќе продолжи да се бори за титулата. На прес-конференцијата после завршување на натпреварот, тенерот на Вардар, Раул Гонзалез истакна дека пред себе имале силен противник, но дека со поддршка од навивачите сме успеале да го издржиме притисокот и да се најдеме во Келн.s

-Имавме многу проблеми на тренот. Не се снајдовме најдобро против Ландин. Сепак, успеавме да се соземеме и во вториот дел од средбата дадовме неколку голови од контра. игравме под притисок, но со големата поддршка од трибините успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат. Кил играше одлично, горд сум на моите играчи и поради тоа што сум нивни тренер. Сега ни претстои Ф4-турнирот во Келн. Ќе одмориме малку, а потоа ќе можеме да се подготвуваме за она што ни претстои во Келн. Вардар е шампион и треба да ја брани титулата во Келн. Сепак, мораме да бидеме добро подготвени. Имаме два меча во Келн и мораме да мислиме исклучиво на она што не очекува на теренот. Штом ќе почне натпреварот ќе заборавиме на се и ќе размислуваме исклучиво на она што се случува на теренот. Таму нема да има фаворити туку ќе мора да се прикаже најдоброто за да се обезбеди победа.

Дибиров истакна задоволство од новото учество на завршниот турнир во Келн, но со насмевка истакна дека во моментот сака со екипата да испијат по едно пиво.

-Сега сакам да испиеме сите по едно пиво и да прославиме. Потоа ќе размислуваме. Сепак, мора да се одигра добро против секого ако се сака титулата. Задоволни сме што одиме втора година по ред на Ф4 турнирот. Знаевме дека ќе биде тешко на овој натпревар. Кил е одлична екипа со голема историја. Бевме свесни дека до последната минута ќе биде тешко. Имавме среќа, а таа ги следи храбрите. Цела сезона работевме максимално и како што треба. Сега ја добивме наградата со уште еден завршен турнир. Сакам да им честитам на колегите од Кил. Ние немавме пораз 15 месеци дома, но се случи тоа. Сепак, овој пораз нема да не боли бидејќи на крајот ние бевме тие што се радувавме и сите го заслуживме тоа, па ќе видиме како ќе биде за еден месец.