Ракометарите на Вардар има за што да слават и да се радуваат оваа вечер. Избраниците на Раул Гонзалез по втор последователен пат обезбедија пласман на завршниот турнир во Келн. Иако загубивме со еден гол, поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен, Вардар е екипата која ќе се бори за одбрана на трофејот во Келн.
Фотографија пристигна од соблекувалната на црвено-црните, каде Македа и Шишкарев прославија со пиво.