По голема борба, екипата на Вардар успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн. На реванш мечот во С.Ц. Јане Сандански, Кил победи со резултат 27:28, но поради повеќе голови постигнати на гостински терен, Вардар беше тимот кој се пласираше на нов завршен турнир во Келн, каде ќе имаат можност да ја бранат Европската титула. По завршување на дуелот, играчите на Вардар се вратија од соблекувалната и пееаа заедно со своите најверни “Комитите“ кои беа присутини во голем број на овој важен дуел за Вардар. Солзи течеаа од Штербик, Абутовиќ, Циндриќ и Кањелас, за кои ова беше последен меч пред вардаровите навивачи во Лигата на Шампионите.
Како изгледаше сетоа тоа можете да погледнете од фотографиите на “Вардар Фанс“.