Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кил не го издржа вардаровиот “пекол“, црвено-црните по втор пат ќе играат на Ф4 во Келн каде ќе го бранат трофејот
Кил не го издржа вардаровиот “пекол“, црвено-црните по втор пат ќе играат на Ф4 во Келн каде ќе го бранат трофејот

Кил не го издржа вардаровиот “пекол“, црвено-црните по втор пат ќе играат на Ф4 во Келн каде ќе го бранат трофејот

Вардар ќе игра на завршниот турнир во Келн, откако одиграа со резултат 27:28 на реваншот во Скопје против екипата на Кил. На првиот меч одигран во Германија,Вардар славеше победа исто така со еден гол разлика (28:29), но поради повеќе постигнати голови на гостински терен обебедивме учество на нов Ф4 во Келн.

Натпреварот започна лошо за нашиот шампион, кој на стартот имаше негатива од 0:3. Ние пропуштивме можност да реализираме два зицер удари на Дибиров и Шишкарев, кои голманот на Кил, Никлас Ландин успешно ги скроти. Сепак вардаровата машина се запали па следните три минути им припаѓаат на црвено-црните. Првиот гол Вардар го постигнува дури во шесттата минута преку Вуко Борозан, а по него следи погодок на Кањелас и уште еден на Борозан, за во 8 минута по прв пат на мечот резултатот да биде израмнет на 3:3. Штербик истовремено стигнува и до својата втора одбрана на нашиот гол. Гледавме цврста и борбена игра на двете страни, со многу “жар“ кај двете екипи. Прва предност за избраниците на Раул Гонзалез донесе Тимур Дибиров со неговиот прв погодок (4:3) во 9 минута од дуелот. Штербик влезе во ритам, а тоа беше непријатно за екипата на Кил, а добро за нашиот шампион, кој за прв пат на дуелот има и три гола позитива, откако погоди Чупиќ од седум метри, за водство од 8:5 во 13 минута од мечот.

2

Истава позитива ја имаме и во 17 минута, кога Кристопанс постигна гол за предност од 10:7. Сепак следи лош период во нашата игра, неколку брзоплети напади и испаднати топки му овозможија на гостинскиот тим целосно да се врати во игра и во 21 минута да го израмни резултатот на 10:10. Повторно Вардар се одлепи на два гола разлика (12:10), кога погоди Шишкарев, а претходно одбрани Штербик. Сепак во последните пет минути, бундеслигашот направи серија од 1:3 и на одмор се замина со резултат 13:13. Пропуштивме можност во последните секунди да реализираме удар од седум метри, откако Волф му одбрани топка на Чупиќ, за кој ова беше втор промашен седмерец.

3

Вториот дел започна со гол на Кристопанс за повторно да имаме водство од 14:13, а Штербик не дозволи да биде совладан од седум метри, што му овозможи во следниот напад на Фереира да стигне до својот втор последователен гол и да зголеми на 17:15. Нова “бомба“ на Борозан, за да ги вратиме трите гола предност (18:15). Кил не му дозволи на Вардар предвреме да го реши патникот на Ф4, па врати со два брзи гола, за да намали на само еден гол негатива (18:17). Сепак црвено-црните подржани од преполната арена Јане Сандански ги враќаат двата гола на Кил и со погодокот на Дибиров од контра-напад поведуваат со 20:17 во 40 минута. Најдобриот гол на мечот ќе биде сигурно за Дибиров, ако не и во оваа четвртфинална рунда, кој успеа со своите атрактивни потези да го совлада Ландин и да донесе најголеми четири гола разлика (21:17), што беше повод за Гисласон да побара минута одмор. После тајмаутот, Кил успева да направи серија од 0:3 и повторно да се доближи до само еден (21:10) беше во 45 минута од дуелот. Борозан денес го “изрешета“ голот на Кил и повторно со удар кој не го брани ниеден голман, не одлепува на 23:20. Продолжија возбудувањата и неизвесноста околу конечниот патник во Келн. Фереира промаши, односно Ландин одбрани, а Винцек на спротивната страна врати за еден гол негатива (24:24) на седум минути пред крајот. При резултат 26:25, противникот имаше одлична можност да израмни, откако се создаде ситуација за нивното крило, но Штербик го скроти ударот, додека во следниот напад погодуваме за 27:25.  На крајот голема радост за црвено-црните, мечот заврши со триумф на Кил од 27:28, но поради еден гол повеќе постигнат на гостински терен, Вардар ќе игра на завршниот турнир.

Штербик го заврши мечот со 16 одбрани. Борозан беше најефикасен со 6 голови, додека Циндриќ постигна 5.