Денес на стадионот во Кратово, ФК Вардар му гостуваше на ФК Силекс меч од рамките од 21. коло од Првата лига. Црвено-црните конечно се издигнаа од безната и дојдоа до победа со резултат 0-2 (0-2). За црвено-црните головите ги постигнаа Горан Попов (14.минута) и Исени (20.минута). Дуелот го завршивме со девет играчи црвени картони добија Горан Попов и Дејан Блажевски во вториот дел.
ВАРДАР го почна дуелот со следните играчи: 90. Гачевски, 3. Попов, 5. Битанг, 6. Грнчаров, 8. Марковиќ, 11. Барсегјан, 16. Глигоров, 21. Новак, 32. Глишиќ, 33. Исени, 77. Брдаровски.
ТЕК НА МЕЧ:
Крај: 0-2
91’ – Црвен картон за Дејан Блажевски
86’ – Шут на Попзлатанов од дваесетина метри кој го брани Митровиќ
73’ – Опасен шут на Глишиќ од слободен удар од 20 метри, но Митровиќ со крајни напори успеа да одбрани
60’ – Црвен картон за Горан Попов, после добиениот втор жолт
58’ – Шут на Тимовски од слободен удар од 25 метри, топката оди само над голот
Полувреме
42’ – Филиповиќ се обидува од 20 метри, но повторно Гачевски брани
35’ – Центаршут од десната страна и обид со глава на Ѓорѓевиќ, но повторно Гачевски избива во корнер
29’ – Удар на Гуцев од дваесетина метри под пречката, но одлична интервенција на Гачевски кој изби во корнер
27’ – Стојчевски од голема далечина се обиде со силен удар, но Гачевски беше внимателен и одбрани во корнер
26’ – Шут на Глишиќ од левата страна, но топката оди само крај голот
23’ – Удар на Силекс на Пановски од 30 метри, меѓутоа без проблеми Гачевски интервенира
0:2 20’ ГООООЛ! Брдаровски од десната страна го проигра Исени кој што од 5-6 метри шутира прецизно во голот на Силекс
0:1 14’ ГООООЛ! Глишиќ од корнер нафрли некаде на 8-9 метри каде што Попов со глава го совлада Митровиќ