Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Борозан дел од идеалниот тим и со втор најубав гол во реванш рундата
(ВИДЕО) Борозан дел од идеалниот тим и со втор најубав гол во реванш рундата

(ВИДЕО) Борозан дел од идеалниот тим и со втор најубав гол во реванш рундата

Црногорскиот “бомбардер“ Вуко Борозан, со шест гола беше најефикасен во редовите на Вардар на вчерашниот реванш четвртфинален меч против Кил, дуел кој нашиот тим го  загуби 27-28, но сепак успеа да се пласира на Ф4.

Во изборите на ЕХФ ТВ за него имаше место во две категории, еден од неговите погодоци се најде на второто место на Топ 5 листата на најдобри голови за реванш натпреварите. Покрај тоа Борозан се најде и во најдобриот тим  на оваа рунда односно е избран во идеалниот тим на реванш рундата.

Видео од најубавите погодоци може да ги видите на овој- ЛИНК. 

Изборот на идеалниот тим може да го погледете- ТУКА.