Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Денес и во четврток, четири генерации на ФК Вардар ќе ги одиграат реванш натпреварите од 1/2 на купот
Денес и во четврток, четири генерации на ФК Вардар ќе ги одиграат реванш натпреварите од 1/2 на купот

Денес и во четврток, четири генерации на ФК Вардар ќе ги одиграат реванш натпреварите од 1/2 на купот

Четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар во претстојниве денови ќе ги одиграат реванш натпреварите од полуфиналето на купот.

Денес со почеток од 10:00 часот во Битола ќе се одигра реванш натпреварот помеѓу пионерските екипи на Пелистер и Вардар. По првиот дуел одигран во Скопје, избраниците на Петар Ѓорѓиески славеа минимално со резултат 1:0.

Во четврток активни ќе бидат дури три генерации, кои ќе се обидат да стигнат до големото финале во националниот куп. Помладите пионери ќе имаат тешка задача, со оглед дека имаат негатива од 2:3 против екипата на Работнички, на првиот меч одигран на теренот на Академијата. Утрешниот реванш ќе се одигра на Алумина, а стартот на мечот е закажан за 10:00 часот. Истиов ден активни ќе бидат и вардаровите генерации родени “2003“ и “2004“ година. Со почетниот резултат 0:0 ќе стартува натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Академијата Пандев, кај генерацијата родени “2003“ година дуел закажан од 10:00 часот. Генерацијата “2004“ има добар резултат од првиот меч одигран во Охрид против екипата на Фер Плеј (0:4) и реваншот на домашен терен кој стартува од 12:00 часот. треба да биде само формалност за младите надежи на Вардар