Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > ФИНАЛЕ обезбедија пионерите на ФК Вардар во Купот, Туша со три гола го “потопи“ Пелистер
ФИНАЛЕ обезбедија пионерите на ФК Вардар во Купот, Туша со три гола го “потопи“ Пелистер

ФИНАЛЕ обезбедија пионерите на ФК Вардар во Купот, Туша со три гола го “потопи“ Пелистер

Денес  во Битола  се одигра реванш натпреварот од 1/2-финалето помеѓу пионерските екипи на битолски ФК Пелистер и Вардар. Нашите момци дојдоа до висока победа со резултат 0-3 (0-0(, за напомена на првиот дуел одигран во Скопје, избраниците на Петар Ѓорѓиески славеа минимално со резултат 1:0. Со вкупни 4-0 од двомечот оваа генерација обезбеди големо ФИНАЛЕ во купот на Македонија во фудбал.

Овој реванш дуел тренерот Ѓорѓиески го почна со следните 11 избраници:  Андов, Ѓурковски, Димоски, Митревски, Манасиевски, Бојковски, Ристовски, Речица, Илиевски, Ибиши и Туша.

По првиот дел иако двата тима имаа прилики мрежите на Андов Матеј и домашниот голман мируваа. Во овој дел играа двата тима претпазливо поради резултатот од првиот дуел во Скопје. Ние го чувавме водството, а домаќинот несакаше да се отвори и да прими ран гол со што би ги сведел своите шанси на минимум.

Вториот дел беше игра на се или ништо, влогот беше голем финален натпревар и борба за Куп пехарот. Нашиот тим одигра одличен втор дел. Момците на Петар Ѓорѓиески започнаа одлично и веќе по 6.минути играа поведоа со 0-1. Ветон Туша беше стрелец на погодокот на црвено-црните. На Пелистер сега му требаше победа со 3-1 за пласман. Тие се отворија, а ние преку феноменалниот денес Туша во 60.минута го удвоивме водството по што беше веќе јасно кој е финалист. До крајот истиот играч повторно ја тресеше мрежата на зелено-белите пионери. Тој во 75.минута со неговиот трет гол ги постави конечните 3-0.

Честитки до тренерот Петар Ѓорѓиески и вардаровите пионери за пласманот во големото Куп финале во оваа категорија.